Генералната секретарка на Совет на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, ги отфрли така наречените референдуми на окупираните украински територии, јави дописникот на МИА од Стразбур.
– Најавените така наречени референдуми на украинските територии окупирани од руските сили е натамошна ескалација на конфликтот и тековно нарушување на територијалниот интегритет на Украина, истакна Пејчиновиќ Буриќ.
Таквите „референдуми, одржани под закана од окупаторските сили и во непочитување на основните демократски принципи, не можат ниту да се прифатат ниту да се признаат. Го отфрламе ова исмејување на демократијата и ја потврдуваме нашата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја-членка Украина во нејзините меѓународно признаени граници, истакна Пејчиновиќ Буриќ.
Таа уште еднаш повикува на прекин на огноти на враќање на мирот во Европа.