четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Шакира првпат за разделбата со Пике: Се што имав вложив во тој однос

Шакира првпат за разделбата со Пике: Се што имав вложив во тој однос

Шакира првпат проговори за разделувањето од Пике по 12 години, но одлучи да не зборува за неговата врска со многу помлада жена.

Колумбиската пејачка била искрена за тоа колку и било тешко бидејќи нејзината врска со Пике со кој имаат два сина завршила, а за тоа говори во октомвриското издание на магазинот Elle.

-За ова навистина е тешко да се зборува лично, дополнително што е првпат да се осврнувам на таа ситуација во интервју. Останав смирена и само се обидував да ги процесуирам информациите. И да, тешко е да се зборува, особено затоа што се уште поминувам низ тоа, затоа што сум во очите на јавноста, затоа нашето разделување не е обично разделување. И не ми беше само мене тешко, туку и на моите деца, вели Шакира.

Сега веќе поранешниот пар најави разделба во јуни, но се чинеше дека Шакира не го сака тоа. Пике веќе е во врска со 23 годишната ПР студентка Клара Чиа Марти, а многумина се прашуваат како се’ се заврши.

-Мислам дека деталите се премногу приватни за да ги споделам, барем во овој момент. Се е свежо и ново. Можам само да кажам дека се што имав, вложив во тој однос и во своето семејство, додава пејачката.

Зборува и за одлуката да живеат во Барселона во корист на кариерата на Пике, наместо да се преселат во САД што би било најдоброза нејзината музичка кариера.

-И така. Еден од нас двајца мораше да го вложи тој напор и таа жртва. И го направив тоа. Ја ставив својата кариера во втора брзина и дојдов во Шпанија, да го поддржам за да игра фудбал и да освојува титули. И тоа беше жртва на љубовта. Благодарение на тоа моите деца можеа да ја имаат сегашната мајка, а јас со нив да имам неверојатна врска која е нераскинлива и која не одржува. Се трудам од нив да ја сокријам ситуацијата колку можам. Навистина е вознемирувачки за две деца кои се обидуваат да го пребродат разделувањето на своите родители. А понекогаш едноставно чувствувам дека се е ова лош сон и дека во еден момент ќе се разбудам, но не е така.

Она што навистина е разочарување е што гледам дека нешто толку свето и посебно што мислев дека е односот кој го имав со таткото на моите деца, сега се претвори во нешто вулгарно и евтино од страна на медиумите. И се тоа додека мојот татко беше на интензивна нега, јас се борев на разни фронтови, вели Шакира.

Најнови вести