петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вистинска приказна за хуморот на кралицата Елизабета Втора, еве како реагирала кога американски туристи не ја препознале

Вистинска приказна за хуморот на кралицата Елизабета Втора, еве како реагирала кога американски туристи не ја препознале

Многумина зборуваат дека кралицата Елизабета Втора знаела добро да се шегува, а за нејзиниот хумор по повод одбележувањето на 70 годишниот јубилеј на кралицата, говореше и Ричард Грифин кој бил нејзин личен полициски службеник 14 години.

Вистинската приказна сега, по смртта на кралицата, повторно е актуелна. Ричард кој целиот живот го поминал во служба на кралското семејство само пред неколку месеци раскажа како изгледала средбата на кралицата додека била на прошетка со двајца американски туристи кои не ја познале.

Туристите се сретнале со кралицата додека само во придружба на Ричард била на прошетка во близина на дворецот во Шкотска, Балморал. Почнале да и раскажуваат каде се биле во Велика Британија, па ја прашале дали често доаѓа тука и каде живее.

Ричард Грифин

-Живеам во Лондон, но тука имама викенд куќа и доаѓам да се одморам. Доаѓам повеќе од 80 години тука, од моето рано детство, им одговорила кралицата, а раскажува Грифин.

По ваквиот одговор, Американците воодушевено ја прашале дали некогаш ја сретнала кралицата, на што таа одговорила дека не, но дека Грифин често ја гледа. Го прашале каква е, на што тој им одговорил дека има одлична смисла за хумор.

По ваквиот одговор туристите ги извадиле мобилните телефони да се сликаат со него и кралицата, по што си заминале незнаејќи дека е таа Елизабета Втора.

-Ричард многу сакам да сум мува на ѕидот во просторијата кога туристите ќе им ја покажат сликата на своите пријатели и се надевам дека тогаш некој ќе ме препознае и ќе им каже која сум, насмеано му рекла кралицата на својот личен полициски службеник.

Најнови вести