понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Цунода го продолжи договорот

Цунода го продолжи договорот

Возачот на Алфа таури, Јапонецот Јуки Цунода, го продолжи договорот со италијанскиот тим во Формула 1 шампионатот до крајот на следната сезона.

Цунода (22) дебитираше во Ф1 пред две години, во тимот на Алфа таури, а за него сезонава вози Французинот Пјер Гасли, кој на крајот од сезоната би можел да се пресели во Алпин.

Холанѓанецот Ник де Вриј, кој го замени болниот Алекс Албон во Вилијамс, на трката во Монца, е еден од кандидатите за нов возач Алфа таури.