понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Промени во ракометната Лига на Европа

Промени во ракометната Лига на Европа

Иако сезоната во Лига на Европа веќе започна, ЕХФ донесе неколку измени за следната натпреварувачка сезона, 2023/24.

Од сезона 2023/24 групните натпревари во Лига на Европа во машка конкуренција ќе се играат со 32 екипи наместо со 24.

Во новиот систем, 16 екипи ќе имаат директно место во групната фаза, а уште 16 ќе се приклучат по првото и единствено квалификациско коло кое се игра во формат дома-гости.

Втората промена во второто по ранг квалитетно европско натпреварување е токму во квалификациските натпревари, па така наместо две квалификациски кола, ќе се игра едно квалификациско коло пред натпреварите по групи.

На стартот на Лига на Европа, односно во првата фаза ќе има осум групи со по четири екипи, потоа во главната фаза ќе играат најдобрите две екипи од по секоја група, кои ќе се борат за пласман во четвртфинале.

Деталениот преглед за сите промени во Лига на Европа за следната сезона ќе биде претставен во сабота пред федерациите и дополнително ќе биде објавен наредната недела.