вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал се повлече од Лејвер купот

Надал се повлече од Лејвер купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од натамошниот настап на Лејвер купот од лични причини, откако вчера настапи во двојки со својот пријател и ривал Роџер Федерер во последниот натпревар на Швајцарецот во кариерата.

Надал во Тимот на Европа ќе го замени Камерон Нори.

Федерер и Надал вчера во дуелот во двојки загубија од американскиот тандем Џек Сок и Франсис Тијафо со 6-4, 6-7, 9-11.

За Федерер тоа беше последен дуел во кариерата, а неговото место во Тимот на Европа го зазеде Матео Беретини.