недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Во Собарнието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за европски прашања треба да ги разгледаат предлог-законите за парничната постапка, за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатурата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. На дневен ред е и Предлог-законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.

Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија е единствена точка на дневен ред Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Законодавно-правната комисија треба да одржат две седници, 145-та и 146-та седница.

Најнови вести