среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Оливер Спасовски се синоним за корупција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Оливер Спасовски се синоним за корупција

Република Македонија на листата на меѓународната Транспарентност пред доаѓањето на власт на СДСМ беше на 90 место, а откако криминалниот картел влезе во владата, државата падна за цели 17 места и сега се наоѓа на дното од европските земји, односно на 107 место, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-СДСМ и Оливер Спасовски се синоним за корупција. Кога станува збор за криминал, Спасовски треба да го праша неговиот партиски шеф Заев, кој моделот на корупција и подмитување го има специјализирано на насоката „Едно евро за црквата, едно евро за Вицето“. Трагикомично е човекот со чиј потпис се реализираше сомнителната криминална  милионска набавка на 40 возила за потребите на МВР да зборува за борба против корупција. Имено Оливер Спасовски наместо празни флоскули треба да и објасни на целокупната јавност како партискиот донатор „Делукс ауто“ доби тендер во вредност од милион евра склучен во четири очи. Спасовски е претставник  на власта, која преку АД ЕЛЕМ му додели  тендер од 2.6 милиони евра на Кочо Анѓушев, втор човек во истата таа власт, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните не се со слаба меморија за да бидат излажани од Оливер Спасовски, министер во владата, кој дава тендери на фирмите на фамилијата на Зоран Заев.

-Муртинските фори на Заев и другарите  не поминуваат. Неспособноста и криминогеноста на оваа влада е констатирана и од страна на ЕУ. ЕУ даде јасна порака, дека без оглед на се, без  реформи, департизација на судството и борба со криминалот и корупцијата државата не може да тргне напред. ЕУ гледа дека амнестијата на Заев и стравот не истражните органи да постапат по наместените тендери не се правецот во кој што треба да се движи државата. Спасовски и СДСМ  не прават ништо со цел борба  против  корупцијата, туку очигледно и ја стимулираат. Граѓаните гледаат како функционерите на СДСМ криминално се богатат, нема зголемување на платите,а сиромаштија и бедата во државата постојано растат.  Оваа безредие не смее   да продолжи. СДСМ мора да  си замине, за Македонија да тргне напред, стои во реакцијата од партијата.

Најнови вести