вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аунг осудена на уште три години затвор

Аунг осудена на уште три години затвор

Судот на Мјанмар денеска ја осуди поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи на уште три години затвор поради кршење на Законот за службени тајни.

На три години затвор е осуден и нејзиниот поранешен советник Шон Тарнел.

Во февруари 2021 година 76-годишната Аунг, добитничка на Нобелова награда за мир, беше соборена со државен удар. Таа во август беше осудена на шест години затвор поради корупција, а претходно беше осудена на 11 години затвор.

Во државниот удар на 1 февруари 2021 година мјанмарските безбедносни сили убија повеќе од 160 демонстранти, а уапсија околу 13.000 луѓе.