среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Неделен хороскоп – среќен ден во среда за овие знаци, еден знак да внимава особено на ова во текот на следните денови!

Неделен хороскоп – среќен ден во среда за овие знаци, еден знак да внимава особено на ова во текот на следните денови!

Сега кога ретроградниот Меркур е зад нас, ни доаѓа поубава енергија.

Истовремено, Венера е во Вага, па треба да се подготвиме за љубов.

Што ни носи оваа недела за сите хороскопски знаци?

ОВЕН

Искористете ги добро своите зборови, драги Овни. Во четврток, големиот воздушен тригон ве повикува да се изразите како вистински се чувствувате. Ретроградниот Плутон завршува во сабота и ве враќа на вашето чувство на мотивација за да постигнете успех. Во недела ни доаѓа полната Месечина во Овен, а од вас таа бара да му дадете име на она што го чувствувате и да се потрудите да ја најдете слободата.

БИК

Вистината е едноставна, но вие ја комплицирате. Во среда, големиот воздушен тригон ви помага да го направите својот живот помалку комплициран и да ја видите вистината, онаква каква што е, на едноставен начин. Ретроградниот Плутон завршува во сабота и ве инспирира да примените лекции кои сте ги научиле во изминатите шест месеци. Во недела ни доаѓа полната Месечина во Овен која ви носи можност да ставите крај на нешто и да бидете директни и отворени за вашите граници и желби.

БЛИЗНАЦИ

Живејте гласно. Во среда, големиот воздушен тригон ви помага да се поврзете со своето тело, да живеете страствено и да го истражите животот со голема љубопитност. Ретроградниот Плутон завршува во сабота и ве инспирира да продолжите да се посветувате на задоволството. Во недела, полната Месечина во Овен ве поттикнува да се поврзете со своите најблиски и да уживате во времето поминато со нив.

РАК

Дајте си дозвола да чувствувате. Во среда, големиот воздушен тригон ви носи океан од емоции со кои ќе ги прославите, но и споделите своите чувства со другите. Ретроградниот Плутон завршува во сабота во вашата зона на романса и ви носи убава поврзаност со некоја личност што ви значи. Во недела, полната Месечина во Овен е во вашиот сектор на кариерата мотивирајќи ве да покажете лидерство и да бидете храбри.

ЛАВ

Слушнете два пати што имаат да ви кажат другите и не зборувајте премногу. Во среда, големиот воздушен тригон ви помага да ги подобрите своите вештини за слушање и да им дозволите на другите да бидат видени и слушнати од вас. Во сабота завршува ретроградниот Плутон во вашата зона на навики, носејќи ви подобра рутина која ќе ви го унапреди здравјето. Во недела, со полната Месечина во Овен ќе бидете инспирирани да учите и откривате нови нешта.

ДЕВИЦА

Бидете практични и приземјени. Во среда, големиот воздушен тригон ви помага да го најдете својот центар, да бидете фокусирани и да се насочите кон остварување на целите. Ретроградниот Плутон завршува во сабота и ве мотивира да бидете емотивни пред другите. Полната Месечина во недела ви носи интимност и задоволство.

ВАГА

Среќен роденден, драги Ваги! Во среда, големиот воздушен тригон ви помага да разберете, комуницирате и да живете подобра верзија од себеси. Ретроградниот Плутон завршува во сабота и ве инспирира да ги поправите односите со своето семејство и другите кои ви значат. Во недела со полната Месечина во Овен имате можност да остварите романса со личност која е различна од вас.

ШКОРПИЈА

Време е да се препуштите на она што доаѓа. Во среда ни доаѓа големиот воздушен тригон и ви помага да најдете моќ и сигурност верувајќи дека најдоброто е пред вас. Ретроградниот Плутон завршува во сабота и ве мотивира да бидете проактивни во комуникацијата со другите. Во недела, полната Месечина во Овен ви дава поттик да ги приоритизирате желбите и она што ве прави возбудени и среќни.

СТРЕЛЕЦ

Проширете го светот во кој функционирате. Во среда, големиот воздушен тригон ви помага да обрнете внимание на тоа како се поврзувате со другите луѓе. Ретроградниот Плутон завршува во сабота и ве мотивира да живеете според своите вредности. Полната Месечина во Овен инспирира храброст, креативност и волја да ја споделите својата вистина со другите луѓе.

ЈАРЕЦ

Подгответе се за големи нешта. Во среда со големиот воздушен тригон ќе бидете ориентирани кон деталите и ќе имате визија за големата слика. Во сабота, ретроградниот Плутон го завршува своето патување и почнува да се движи директно, а тоа ќе ви помогне да си ја вратите назад својата моќ. Во недела ја имаме полната Месечина во Овен која го стават домот, вашето семејство како центар и главен приоритет во вашиот живот.

ВОДОЛИЈА

Пријатно патување, драги Водолии. Во среда, големиот воздушен тригон ве носи на возбудливо патување и учење. Можно е да испланирате далечно патување или да се одлучите на кратко бегство од градот. Во сабота завршува ретроградниот Плутон и ви помага да ставите крај на една ситуација која долго ве мачеше, изминатиот период. Во недела, полната Месечина во Овен ви помага да ја видите вредноста на зборовите и да бидете отворени и директни со другите.

РИБИ

Дајте му име на она што го чувствувате. Во среда, големиот воздушен тригон ве инспирира да ги споделите своите чувства, особено онаму каде е време да го направите тоа. Ретроградниот Плутон завршува во сабота и ве поврзува со своите пријатели. Во недела, полната Месечина во Овен ве инспирира да ја слушнете мудроста на своето тело, да се ослободите од зависноста од некои работи кои навистина не ви се потребни и да најдете мир.