Како бомба во медиумите во регионот одекна веста за неодамнешниот семеен конфликт меѓу сестрите Северина Вучковиќ и Маријана Поповиќ во стан во Сплит, на кој присуствуваше и нивната мајка Ана.
Посебно шокантно беше што поради овој скандал Северина беше приведена на аеродромот во Загреб, за да даде изјава во полиција и да го изнесе својот став за инцидентот во Сплит.
Според информиран извор близок до хрватската пејачка, вистинската причина за семејниот инцидент бил недвижен имот што мајката на Северина, Ана, и го префрлила на нејзината внука Миа, поради што Маријана збеснала.
-Во медиумите се пишуваа секакви работи за тоа што всушност ја предизвикало тепачката во станот во Сплит. Таму е сè, точно е и дека Маријана ја повреди што Северина ја одјави од адресата во Сплит, но главниот предизвикувач на конфликтот е тоа што нивната мајка Ана ѝ префрлила имот директно на ќерката на Маријана, Миа, на нејзината внука, која ја обожава. Таа воопшто не се консултирала со Маријана за тоа, додека Северина целосно ја поддржала идејата на нејзината мајка и била свесна за сите детали. Познато е дека Миа и нејзината мајка со години не се во добри односи, а извесен период таа живееше заедно со нејзината славна тетка, вели извор за српските медиуми, додавајќи:
-Кога Маријана дознала дека мајка ѝ Ана целосно ја заобиколила по оваа работа и дека имотот го префрлила на име на нејзината ќерка, а не на неа, целосно полуде од бес. Таа ги повикала мајка си и Северина да разговараат со нив и да и објаснат се, но тие со денови не одговарале на нејзините повици. Бидејќи со години не комуницира со својата ќерка, а за тоа ја обвинува Северина, таа веднаш отишла во Сплит во станот на нејзината мајка, за да се видат и да се пресметаат. Но, случајно се нашла и Севе, која веднаш застанала на страната на нејзината мајка и ја заштитила од бесната Маријана. Останатото знаете како заврши, заклучува извор.