Од завршеното Светско првенство во кик бокс за деца, кадети и јуниори Лидо Диесело, Италија, во Македонија се враќа со две одличја – сребрен медал за Нелсон Узеир и Јадранка Темелкова со бронза.
Претседателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски-Урко со оценка за настапот на нашите репрезентативци.
„Како претседател сум задоволен од успехот на Нелсон, на кого во финалето му се падна тежок и цврст противник и второто место му беше заслужено. Јадранка можеше и верувам дека ќе успееше повеќе да запнеше во третата рунда. Останатите борци можеа и да стигнат до медал, бидејќи беа подобри од своите противници. Но беа дебитанти и само искуството им фалеше да го задржат водството што го имаа во првите рунди. Сепак, за следниот натпревар ќе бидат поискусни па ќе прикажат подобри борби“, изјави Митровски.