недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарките на Металург загубија од ПАОК

Ракометарките на Металург загубија од ПАОК

Македонскиот тим ЖРК Металург загуби на гостувањето кај грчки ПАОК со 17-26 во првиот меч од квалификациите за Европскиот Куп.

ПАОК отвори со серија од 4-0, по што ја одржа предноста и го доби првото полувреме со 11-7, додека во вториот дел Металург беше целосно надигран и загуби со 17-26.

Најдобра ракометарка во грчкиот состав беше Катципарасиду со осум голови, додека Божиновска погоди седум пати за Металург.

Реваншот меѓу Металург и ПАОК се игра на 15 октомври во Скопје.