Ова е прв собир по пензионирањето на Лазаров, Миркуловски и Стоилов, а од почетниот список нема да настапи и Дејан Манасков.
Левото крило на нашата репрезентација нема да игра со Луксембург, а постојат шанси да патува за Турција. Стручниот и медицинскиот тим ќе ја следи неговата ситуација неделава. Селекторот Лазаров на таа позиција ги повика Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.
Репрезентацијата ќе се комплетира утре со доаѓањето на интернационалците и ќе одржи два заеднички тренинзи пред дуелот со анонимниот противник.
Покрај Луксембург и Турција, противник на македонската репрезентација е и селекцијата на Португалија/