вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„ДКСК и ЈО да отворат случај за аферата Броило, во која Ковачевски и Паунов преку соларен картел заработиле 26 милиони евра“

„ДКСК и ЈО да отворат случај за аферата Броило, во која Ковачевски и Паунов преку соларен картел заработиле 26 милиони евра“

ДКСК и ЈО да се охрабрат и да отворат случај за Димитар Ковачевски и неговиот кум Паунов кои на сомнителен начин заработиле 26 милиони евра. Ковачевски и Паунов злосторнички се здружиле и 5 месеци откако антимакедонската СДС е на власт во 2017та година ја основале Пискел Груп. Во рок од една година Ковачевски и Паунов отвораат фабрика за производство на фотоволтаични панели, а преку државна помош земале 2 милиони евра, додека пак во период кога Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот на Ковачевски прави договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Аферата „Броило“ покажува сериозна спрега помеѓу криминалот и Димитар Ковачевски.

– Институциите да не го оправдуваат криминалот на Ковачевски и Паунов и веднаш да отворат случај по допрен глас. Дополнително, истата фирма која е основана од Ковачевски, само 8 месеца по стапување на функциката претседател на Владата влегува во инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово, заедно со ново формирана бугарска фирма, која пак е во висина од 54 милиони евра, а според учеството во уделите, делот кој Пиксел Груп треба да го инвестира е скоро 22 милиони евра. Ковачевски ја користи функцијата за лично богатење, додека народот осиромашува. И самиот Ковачевски вчера во гостување на национална телевизија призна дека неговата компанија добила државни пари, што е доволен доказ дека тој свесно ја користел позицијата за лично богатење. Токму затоа ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за Ковачевски и Паунов и да не се ставаат во одбрана на криминалот, во спротивно истите се соучесници во соларниот картел тежок 26 милиони евра, се појаснува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека со промена на власта и ослободување на институциите ќе следи одговорност.

Најнови вести