сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Граѓаните на Киев по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

ВИДЕО: Граѓаните на Киев по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

Во серијата руски ракетни напади во Киев загинаа најмалку пет лица, а ранети се 24. Сите се цивили кои возеле или пешачеле во центарот на градот, како што изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко. Работата на метрото во Киев е прекината на сите линии, а подземните станици работат како засолништа.

Метро станиците во главниот град се полни со луѓе кои се засолниле во страв од нови напади. Но, видеата кои кружат на социјалните мрежи покажаа дека нивниот дух не е скршен.

„ Луѓето пеат украински песни во киевското метро“, се вели во објавата придружувана на видеото.

Професорот од Универзитетот во Вашингтон, Џеф Еванс, со последното видео изјави дека тоа е универзитетска метро станица во Киев и дека се наоѓа на 87 метри под земја.

„Браво“ и „нескршливи“ се само дел од коментарите на твитерџиите под снимките на распеаните Киевчани.