Руските напади извршени денеска врз централната украинска област Дњепропетровск направија „сериозна“ штета врз енергетските капацитети, објави шефот на регионот, на вториот ден од интензивните ракетни напади низ Украина.
„Русите истрелаа проектили врз енергетската инфраструктура во областите Павлоград и Камијан. Има сериозно уништување. Многу населени места се уште немаат струја“, објави регионалниот гувернер Валентин Резниченко на социјалните мрежи.