сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Домбровскис: Компаниите во ЕУ не можат да си дозволат да ги прекинат врските со Кина

Домбровскис: Компаниите во ЕУ не можат да си дозволат да ги прекинат врските со Кина

Компаниите од ЕУ не можат да си дозволат да ги прекинат деловните врски со Кина, изјави еврокомесарот за трговија Валдис Домбровскис, нагласувајќи ја потребата за рамнотежа и проширување на кругот на деловни партнери.

„ЕУ треба да ја продолжи соработката со Кина во духот на прагматизмот и без наивност. На нашите трговски односи им треба поголема рамнотежа и реципроцитет“, рече претставникот на ЕУ, сугерирајќи дека наместо повлекување, фокусот треба да биде на подобро управување со ризикот и диверзификација.

Покрај Кина, се промени и односот на ЕУ со уште еден важен трговски партнер, САД, нагласи Домбровскис.

„Трансатлантските односи се обновија“, тврди тој, но постои „длабока загриженост“ за американскиот антиинфлациски закон и придобивките што тој ги носи за американските компании.

Законот предвидува „зелени субвенции“ кои ја дискриминираат европската автомобилска индустрија и индустријата за обновлива енергија, производителите на батерии и големите индустриски потрошувачи на енергија, објаснува претставникот на ЕК.

„Ќе разговарам за овие прашања утре со моите американски колеги кога ќе патувам за Вашингтон “, додаде тој.