петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Германска министерка за одбрана: Треба сериозно да ги сфатиме заканите од Русија

Германска министерка за одбрана: Треба сериозно да ги сфатиме заканите од Русија
ФОТО: Michael Kappeler/dpa

Германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт, денеска на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел предупреди да не се земаат лесно руските нуклеарни закани во војната во Украина, јави ДПА.

-Многу е важно сериозно да ги сфатиме заканите упатени од Русија и соодветно да се прилагодиме на нив, рече Ламбрехт.

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре треба да разговараат за тоа како да се справат со заканите од рускиот претседател Владимир Путин.

Консултациите на таканаречената „група за нуклеарно планирање“вообичаено се тајни.

Ламбрехт побара разбирање дека овие размислувања се одвиваат во „внатрешни, тајни комитети“.

-Но, можам да кажам дека сме подготвени, додаде таа. (МИА)