четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Мал трик за голем резултат: Нанесето го ова кога ќе се нашминкате и почуствувајте ја магијата!

Мал трик за голем резултат: Нанесето го ова кога ќе се нашминкате и почуствувајте ја магијата!

Добро акцентираните јаболчници се знак за убавина. Освен што делува многу секси, тоа е и трик што го издолжува лицето.

Навистина акцентираните јаболчници имаат огромна улога во создавањето на добар изглед на шминката на лицето. Освен тоа придава свежина и младоликост, бидејќи румените образи се симбол на младоста и здравјето.

Затоа професионалните шминкери препорачуваат да не излегуваме од дома без руж. Она што треба да го сториме е да нанесеме малку пудра, руж во боја што на вас најдобро ви прилега, маскара и тоа е се.

Многу малку шминка, а многу голема промена на подобро. Дискретно, но ефикасно. И ако сте од оние што не се фанови на шминката, направете еден мал експеримент. Направете го ова, погледнете се огледало и кажете искрено колку години помладо изгледате.