Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Чаир, од каде порача дека е време за промени.
-Денес во скопски Чаир, на средба со Општинскиот комитет. Маката за сите е подеднаква, промените мора да се случат час поскоро и да ја поразиме оваа влада. Народот секој ден е сѐ посиромашен, а владата сѐ побогата. Затоа промени!, напиша Мицкоски на Фејсбук.