Скопје, поточно салата „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на групата во која ќе се натпреварува македонската женска репрезентација заедно со Франција, Холандија и Романија, а потоа ќе биде и организатор на една од групите во главната рунда на првенството.
Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов побара целиот македонски ракомет да се обедини и да помогне да организираме настан од свестски калибар.
„Тука присутна е А-селекцијата на Македонија, ветеранки, како и сите младински репрезентации. Како подрршка тука е и машката ракометна репрезентација. Би сакал да продолжиме да работиме заедно, како и досега, за да продолжиме да градиме подобар македонски ракомет во континуитет. Нè очекува организација на Европско првенство. Би сакал на натпреварите на петти, седми и деветти ноември да одиграме со срце, за Македонија. Би сакал да ги повикам навивачите да дојдат во што поголем број, да им дадеме заслужена поддршка на нашите девојки. Се надевам дека ќе докажеме дека сме сплотени. Ќе докажеме дека сме добри домаќини и дека во Скопје може да се направи нешто светски и да покажеме што значи спортот број еден во нашата земја“, рече Мукаетов, пренесе Спорт1.