петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во Лешочкиот манастир на подготовките за канонизацијата на Свети Кирил Лешочки

Мицкоски во Лешочкиот манастир на подготовките за канонизацијата на Свети Кирил Лешочки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Лешочкиот манастир каде се одвиваа подготовките за утрешната канонизација Кирил Пејчиновиќ.

-Ми претставува особена чест што денес бев присутен во Лешочкиот манастир “Св. Атанасиј” на канонизација за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки, објави Мицкоски на Фејсбук.

Утре, во Соборниот храм ,„Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8:30 часот, ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА.

На литургијата ќе биде извршен чинот – канонизација на светиот преподобен Кирил Лешочки.

Најнови вести