Францускиот производител на цемент Лафарж денеска пред американскиот федерален суд се изјасни за виновен за обвиненијата дека им платил на групите што САД ги сметаат за терористички, вклучително и ИД, за да продолжат да работат во Сирија по избувнувањето на конфликтот во таа земја во 2011 година.
Податоците во документите што припаѓаат на француските институции, а до кои дојде Агенција Анадолија (АА), открија дека француската компанија и најголем светски гигант во производството на цемент „Лафарж“ редовно ги известувала француските домашни, странски и воени разузнавачки служби за својот однос со терористичката организација ДЕАШ, и дека за тој однос била информирана и државата Франција, известува Агенција Анадолија (АА).
Агенција Анадолија (АА) дојде до документи кои го потврдуваат односот помеѓу ДЕАШ и „Лафарж“, кој беше под истрага и обвинет за „учество во злосторства против човештвото“, со образложение дека на ДЕАШ му доделил средства за активности во Сирија. Документите потврдуваат дека сè е направено со знаење на француската држава.
Во документите исто така се наоѓаат и информациите дека Француската разузнавачка служба, која ја користела Лафаржеовата мрежа на односи за прибирање информации од регионот, со цел да соработува со терористичките организации во Сирија и да врши свои активности, не ја предупредила компанијата дека тоа што го прави претставува кривично дело.