вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Десетици вработени во нуклеарната централа Запорожје се заробеници на Русите

Десетици вработени во нуклеарната централа Запорожје се заробеници на Русите

Околу педесет вработени во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која е под окупација на руските сили од март, „сè уште се заробеници“ на Русите, соопшти шефот на украинската државната нуклеарна компанија Енергоатом Петро Котин.

Од почетокот на руската инвазија на крајот на февруари, беа заробени повеќе од 150 вработени во централата, некои се ослободени, но има луѓе за кои сè уште не се знае каде се наоѓаат, рече Петро Котин и додаде дека некои се убиени, а некои биле мачени.

Тој рече дека Енергоатом ќе објави список со имињата на вработените кои сè уште се во рацете на Русите и ќе ја повика меѓународната заедница да помогне за нивно ослободување.

Зборувајќи за притворот на поранешниот генерален директор на централата, Игор Мурашов, кого Русија го уапси на крајот на септември и го ослободи по неколку дена, рече дека Русите го држеле во подрум три дена. Тој нагласи дека е мачење да се држи некој на стол цел ден со вреќа преку глава. Кон информира и дека Русите снимале пропагандни видеа со Мурашов.

Директорот на Енергоатом рече дека не знае каде се двајцата вработени во централата кои, според украинските власти, се киднапирани: информатичкиот директор на централата Олег Костјуков и помошникот генерален директор Олег Ошека.