понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Осум деца на слобода, се поголеми шансите да се спасат и останатите: Акцијата готова за денеска, уште четири деца и тренерот чекаат

Осум деца на слобода, се поголеми шансите да се спасат и останатите: Акцијата готова за денеска, уште четири деца и тренерот чекаат

Акцијата за спасување на децата и нивниот тренер во Тајланд е продолжена утринава, а според најновите информации спасено е и уште три деца, со што вкупниот број на спасени досега е осум.

Некаде после 13 часот беше потврдено дека спасено е шестото дете.

Како што јави Си-Ен-Ен околу половина час после шестото спасено било и седмото дете.

Повикувајќи се на очевидци од влезот во пештерата Си-Ен-Ен јави и дека е спасено осмото дете.

Во пештерата останаа уште четири деца и тренерот, за кои надежта дека ќе излезат живи е се поголема.

Инаку, акцијата за денеска е завршена и продолжува утре.