Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Мадрид се сретна со претседателот на каталонската регионална Влада, Ким Тора во обид за надминување на политичката криза во земјата предизвикана по ланскиот референдум за независност на Каталонија.
Денешната средба во седиштето на шпанската Влада во Мадрид се први официјални разговори меѓу централните и каталонските власти по реферемдумот.
Во пресрет на средбата, Тора предложи организирање на легален реферемдум за независност на Каталонија, како единствен начин за излез на политичкот ќорсокак, имајќи предвид дека ланското референдумско изјаснување шпанскиот Уставен суд го прогласи за незаконско и противуставно.
– Се додека не бидеме во можност да гласаме на референдум, кој ќе биде легален и обврзувачки и кој го признаваат двете страни како валиден, можно е никогаш да не најдеме решение, оцени Тора.
Шпанската Влада на вакваото барање излезе со оценка дека самоопредлувањето на регионите во Шпанија не е дозволено со Уставот на земјата од 1978 година.
Сепак, според портпаролката на шпанската Влада и министерка за образование Изабел Кела, Мадрид има големи очекувања од денешната средба.
– На состанокот донесуваме сила, надеж и цврстина и очекуваме реципроцитет, изјави Кела.
Според најавите од Мадрид, се очекува Санчез да му предложи на Тора шпанската Влада да ги одблокира прописите за општествените прашања и да вети инвестиции во инфраструктурата и други проекти, кои не ги реализираше претходниот владин Кабинет на Маријано Рахој.
По референдумот за независност на Каталонија одржан лани во октомври, тогашната шпанска Влада на Рахој воведе директна управа над Каталонија и ги распушти регионалните органи на власта – Владата и Парламентот, во кој доминираа сепаратистичките партии. На предвремените избори во декември, сепаратиситичките партии одново освоија мнозинство во каталонскиот Парламент, со што земјата западна во ќорсокак.
Новата Влада на Санчез се обидува да најде излез од ќорсокакот, а денешниот состанок претставува еден од обидите за изнаоѓање решение за кризата.
МИА