Лекарите на КАРИЛ неколкупати го враќале во живот дваесет и едногодишниот Н.С. кој на 29 јуни физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Скопје, но за жал, им подлегнал на повредите, велат од Клиниката за анастезија, реанимација и интензивно лекување.
Раководителот на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова изјави дека момчето било донесено во Ургентниот центар со немерлив притисок и со слаб пулс.
-Откако е почната срцева белодробна мозочна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозокот и со многу тежок исход. Лицето на неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите, додаде доктор Мојсова.