Предизборната кампања во пресрет на неделниот прв круг од претседателските избори во Словенија завршува денеска, а седум кандидати се уште имаат можност да ги придобијат гласовите на гласачите, особено оние кои се неопределени.
На последниот ден од предизборната кампања кандидатите ќе се сретнат и разговараат со гласачите, а последната шанса да ги придобијат ќе ја имаат на денешната финална пресметка што вечер ја подготвува ПОП ТВ.
Изборниот молк стапува на сила на полноќ и трае до затворањето на гласачките места во недела во 19 часот.
Претставникот на опозициската Словенечка демократска партија (СДС) Анже Логар и натаму е на прво место меѓу кандидатите за претседател на Словенија, покажува најновото истражување на јавното мислење во пресрет на неделните избори, спроведено од Институтот Медијана за весникот Дело и ПОП ТВ, јави новинската агенција СТА.
По него следи независниот кандидат, адвокатката Наташа Пирц Мусар, на трето место е европратеникот и кандидат на две партии од владејачката коалиција, Милан Брглез. (МИА