среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Откажан стартот на новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање

Откажан стартот на новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање

Лошото време во австрискиот скијачки центар Зелден е причината што нема да почне новата сезона во скијачкиот Светски куп (СК) и тоа со велеслаломска трка во женска конкуренција.

Челниците од Меѓународната скијачка федерација (ФИС) утринава решија дека не постојат услови за воведната пресметка на скијачките, а се уште се вршат проценки дали би можела да се одржи утрешната трка во машки велеслалом.

Во случај да продолжат лошите временски услови во Австрија, тогаш новиот скијачки циркус официјално би почнал на 5 ноември во швајцарскиот ски-центар Цермат.