понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Британија ќе заврши како колонија на ЕУ“

„Британија ќе заврши како колонија на ЕУ“

Поранeшниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон предупреди дека Британија ќе заврши како колонија на Европската унија.

Тој ова го предупреди откако владата ги објави плановите за блиски трговски односи со тој блок.

-Навистина се движиме кон статус на колонија – и многу ќе се борат за економска или политичка корист со тој последен ангажман, напиша Џонсон во своето соопштение за оставка.

Џонсон поднесе оставка поради планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит, кој подразбира Британија да остане прилагодена на прописите на ЕУ за фабрички производи, пишува Ројтерс.

Инаку, тој е трет член на владата кој во последните 24 часа поднесе оставка и одлучи да ја напушти владата, наместо да го поддржи планот на премиерката за Брегзит, пишува Гардијан.