недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриеска Кочоска: Вечниот стремеж на генерациите пред нас е аманетот кој ние мора да го исполниме – Горда и достоинствена Македонија

Димитриеска Кочоска: Вечниот стремеж на генерациите пред нас е аманетот кој ние мора да го исполниме – Горда и достоинствена Македонија

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска преку статус на Фејсбук денеска упати честитка по повод 23 октомври.

„Нека е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Вечниот стремеж на генерациите пред нас е аманетот кој ние мораме да го исполниме – горда и достоинствена татковина Македонија.

Сите битки и сета пролеана крв низ вековите не обврзува на вечна борба за успешна и просперитетна иднина на македонскиот народ. Тоа секогаш била, е и ќе остане да биде нашата мисла – водилка во секој следен чекор, во секоја работа.

Слава им на нашите херои! Нека ни е вечна нашата Македонија!“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Најнови вести