среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Савевски: Нема што да се плашиме, можеме само да добиеме од мечевите на ЕП

Савевски: Нема што да се плашиме, можеме само да добиеме од мечевите на ЕП

Македонската женска репрезентација ги започна официјалните подготовки за Европското првенство. Селекторот на женската ракометна репрезентација Љубомир Савевски го објави списокот од 19 ракометарки од кои ќе прави финален избор за шампионатот. На денешниот прв собир предводникот на ракометарките рече дека се надева дека етикетата аутсајдер ќе ни помогне на првенството.

„Нема што да се жалиме. Нашата група е „група на смртта“. Секогаш има силни репрезентации на ваквите турнири. Се надевам дека етикетата аутсајдери ќе ни помогне да победиме барем на еден меч. Нема што да се плашиме, претходно кажав дека можеме само да добиеме од овие натпревари. Целта е да покажеме карактер и дека сме на вистински пат.Имаме репрезентација од млади играчи. Треба да ја градиме во наредните 10-15 години. Сите заслужуваат да бидат дел од националниот тим. Реалноста е дека нема подобри од нив во државава. Играњето вакви натпревари ќе ни донесе поголем квалитет во иднина“, порача Савевски.

Македонија ќе биде дел од групата Ц и ќе има исклучително тешка задача против Франција, Холандија и Романија. Европското првенство се игра од 4-20 ноември.