петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прв пат во историјата Британија ќе добие премиер со хинду потекло- кој е Риши Сунак?

Прв пат во историјата Британија ќе добие премиер со хинду потекло- кој е Риши Сунак?

Риши Сунак ќе биде новиот британски премиер откако неговата противкандидатка Пени Мордоунт ја повлече својата кандидатура.

Сунак е третиот британски премиер за помалку од два месеци, по оставките на Трас и Џонсон. Тој ќе биде првиот небел лидер на Британија.

Сунак стана фаворит за нов премиер откако вчера Борис Џонсон поднесе оставка. Тој рече дека се надева оти Џонсон ќе продолжи да придонесува во јавниот живот „дома и во странство“.

Риши Сунак ќе стане првиот Хинду премиер на чело на Британија, а на 42-годишна возраст ќе биде и најмладиот премиер во последните 200 години.

Тој првпат го привлече вниманието кон себе во земјата кога, на 39-годишна возраст, стана министер за финансии во времето на Џонсон, токму кога пандемијата „Ковид-19“ пристигна во Британија.

Сунак го пофали Џонсон, велејќи дека тој „секогаш ќе биде благодарен“ за неговите постапки за време на пандемијата на Ковид и војната во Украина.

Реагирајќи на веста дека Риши Сунак ќе биде следниот премиер на Обединетото Кралство, министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли за Би-Би-Си изјави дека тоа е „многу позитивен потег“.

Клеверли, кој првично го поддржуваше поранешниот премиер Борис Џонсон, вели дека Сунак е најискусниот кандидат за водење на земјата и додава дека е „паметен и талентиран човек“.

Кралот Чарлс ќе побара од Сунак, еден од најбогатите политичари во Вестминстер, да формира нова влада по заминувањето на Лиз Трас, која беше на функцијата само 44 дена.

Сунак е мултимилионер и поранешен претседател на инвестициски фонд и аналитичар на Голдман Сакс.

Неговата сопруга Акшата Мурти е ќерка на индискиот милијардер Н.Р. Нарајан Мурти, основач на технолошкиот гигант Инфосис.