сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Ќе се асфалтира крак од улицата „Антон Кецкаров“ во населбата Даме Груев

Стојкоски: Ќе се асфалтира крак од улицата „Антон Кецкаров“ во населбата Даме Груев

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров информираше дека сенес со екипите на ЈП Улици и Патишта отпочнаа со работа на локација во населбата Даме Груев.

– Стартуваа подготвителните работи за расчистување и тампонирање по што ќе следи асфалтирање на краците. Крак од ул. Антон Кецкаров, еден од најстарите делови на населбата, вкупната површина за работа е приближно 700 метри квадратни. Се решава децениски проблем на жителите на ова место, како и проблемот со поплави при поројни дождови, се додава во неговата Фејсбук објава.