среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Заљубен сум во Шакира“: Додека пејачката го лекува скршеното срце, познатиот пејач отворено ѝ изјавува љубов

„Заљубен сум во Шакира“: Додека пејачката го лекува скршеното срце, познатиот пејач отворено ѝ изјавува љубов

Пејачот прво споделил селфи фотографија од Шакира, а потоа на симпатичен начин кажал дека е воодушевен од неа.

Колумбиската пејачка Шакира продолжува со својата кариера по емотивниот крах кој го доживеа, а неодамна ја објави песната „Monotonia“ која ја сними во соработка со порториканската музичка ѕвезда Озуна.

Многумина веруваат дека оваа песна пејачката Шакира му ја посветила на поранешниот партнер Жерар Пике, особено поради стиховите: „Не е твоја вина, ниту моја. Никогаш ништо не сум кажала, но ме повреди, знаев дека ова ќе се случи“.

Додека нејзиниот нов хит ги освојува топ-листите, колегата на Шакира, Озун го изјавил своето воодушевување на поп сензацијата на социјалната мрежа Твитер.

„Не е твоја вина, ниту моја“, напишал тој, па продолжил: „Заљубен сум во Шакира“.

Тој пред тоа споделил селфи од Шакира со кое пејачката му го честитала денот на објавување на песната.

И додека се шпекулираше колку Озуна бил сериозен или е само восхитен со нејзиниот талент, Шакира продолжила да молчи за своето раскинување со Пике со кој неодамна била видена на бејзбол натпревар на нивниот син.

Пејачката и фудбалерот не комуницирале ниту пак се погледнале, а таа неодамна направила исклучок од своето правило да не зборува за својот приватен живот и открила дека не ѝ е лесно откако спортистот ја изневерил.

„О, многу е тешко да се зборува за ова, посебно заради тоа што ова е првпат да ја споменувам оваа ситуација во некое интервју“, започнала таа за „Elle“, па продолжила:

„Бев тивка затоа што се обидов сè да процесирам. Хм, и да, тешко е да се зборува за ова, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа, а пред очите на јавноста сум и затоа ова раскинување не е обично. Беше тешко, не само за мене туку и за моите деца. Неподносливо тешко“, вели колумбиската ѕвезда.

„Се обидов да ја прикријам ситуацијата пред децата, се обидов да ги заштитам, тоа е мојата главна мисија во животот“.

Најнови вести