Сите нешто сонуваме, секоја ноќ, но и покрај тоа многу малку се знае за соновите.
Она што е познато е дека сонуваме повеќе пати во текот на една ноќ. Првиот сон трае 5 минути, а последниот, пред будење, може да трае и до 45 минути.
Најчестиот сон е неверство на партнерот.
Ако некогаш се разбудите вознемирени откако ќе сонувате дека партнерот ве изневерува, не сте единствени.Тоа е убедливо најчестиот сон.
Психолозите велат дека сонот не е поврзан со вистинко неверство на партнерот, туку ваквиот сон укажува на страв од напуштање.