недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ако не се изгласаат уставните измени, според Таравари неизбежни се предвремени парламентарни избори

Ако не се изгласаат уставните измени, според Таравари неизбежни се предвремени парламентарни избори

Зборувајќи за барањето од Уставот да се тргне формулацијата „јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“, Таравари, сепак, рече оти се надева дека во овој парламентарен состав ќе бидат донесени уставните измени, а посочи дека по однос на ова прашање има добро расположение и кај македонските и кај партиите од албанскиот блок. Доколку измените не се донесат, според него решение се предвремени парламентарни избори.

Доколку не се изгласаат уставните измени, неизбежни се предвремени парламентарни избори, смета градоначалникот на Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, зборувајќи за барањето од Уставот да се тргне формулацијата „јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“.

„Ако не поминат уставните измени во овој парламентарен состав, тогаш мислам дека уште долг временски период ќе тапкаме во место и ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, ниту други етнички заедници бидејќи полека народот се иселува. Ако нема договор за уставните измени, мислам дека неизбежни се предвремените избори“, рече Таравари во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

И Беса со услов: Ќе даде поддршка за уставни измени за Бугарите ако „20 проценти“ се замени со „албански јазик“

Тој, сепак, рече оти се надева дека во овој парламентарен состав ќе бидат донесени уставните измени, а посочи дека по однос на ова прашање има добро расположение и кај македонските и кај партиите од албанскиот блок.

„Мислам дека ова прашање е веќе апсолвирано и дека има добро расположение и кај македонските и кај албанските партии. Мислам дека постои консензус за тоа. Не е достоинствено за било кој јазик да стои 20 проценти. Мислам дека е достоинствено да стои македонски и албански јазик“, вели Таравари.

Во гостувањето на Канал 5 ТВ, Таравари, меѓу другото, кажа дека можеби треба да се размислува и за нов функционален Устав бидејќи постоечкиот, како што вели, е „крпен“.

„Убаво е да размислуваме можеби за нов функционален устав. Нашиот Устав, за жал, е ‘крпен Устав’. Нон-стоп е менуван како што евалуирала државата“, рече Таравари.

Најнови вести