среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Амадин Лејно: Срцето ми беше полно во Скопје

Амадин Лејно: Срцето ми беше полно во Скопје

Некогашниот познат голман Амандин Лејно (36), која го чуваше голот и на ЖРК Вардар од 2013 до 2018 година, ќе се врати во Скопје, престолнината на Македонија, овојпат во улога на тренер на голманите на француската репрезентација. Лејно за инернет страницата на ЕХФ во суперлативи зборуваше за Скопје во пресрет на Европското првенство на кое Македонија е коорганизатор.

– Срцето ми беше полно во Скопје. Навистина го сакав тимот, градот, луѓето и земјата. Иако не го освоивме профејот во Лигата на шампионите, бевме како вистинско семејство. Навистина уживав во животот таму и во тоа што игравме на фајнал-фор. Бевме толку близу да го освоиме трофејот – изјави Лејно во текстот објавен на ЕХФ-страницата.

ЖРК Вардар се пласира во финалето на Ф4 турнирот на ЛШ во сезоните 2016/2017 и 2017/2018. Обата пати губеше од унгарски Ѓер.

Франција, заедно со Холандија, Романија и домаќинот Македонија е во групата Ц на ЕП 2022, а Лејно ќе биде во тимот на триколорите како тренер на голманите. Франција игра со Македонија во првото коло на 5 ноември.