Тајландската полиција објавила снимка која го покажува целиот напор на спасувачите и условите во кои работат.
На снимката се гледа како нуркачите на носилка ги провлекуваат момчињата низ тесните тунели, внимавајќи на нивната безбедност.
Секое момче има нуркачка маска и за неа се грижат двајца спасувачи, од кои едниот му ја носи боцата со кислород.
После минување на страшниот тунел од камени ѕидови, спасувачите стигнуваат и до најопасниот дел на пештерата кој е тесен 45 сантиметри.
Но, сепак има среќен крај на големата драма со младите момчиња и нивниот тренер од Тајланд. Тие беа заглавени во пештера цели две недели.