петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски го освои турнирот во Грција без загубен сет

Калин Ивановски го освои турнирот во Грција без загубен сет

Големата македонска тениска надеж е победник на ИТФ фјучерсот кој изминатива недела се играше во Ираклион.

Ивановски го прегази првиот носител од Романија, Себастијан Гима, убедливо со 2:0 (6:1, 6:1) за само 51 минута.

Со оваа победа македонскиот тенисер го комплетираше извонредниот турнир во Грција на кој ги доби сите пет натпревари и тоа без загубен сет.Ова му е втор освоен турнир годинава, а воедно и втор во кариерата. Првиот го освои во Тунис.

Турнирот во Ираклион се играше на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари. Ивановски во моментов е 737. тенисер на светот и се очекува да напредува одново на АТП листата.