петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ: Се надевам и јас ќе имам испраќање како Роџер

Ѓоковиќ: Се надевам и јас ќе имам испраќање како Роџер

Тениските легенди се простија од Роџер Федерер кој замина во спортска пензија, на неверојатен начин на Лејвер купот во Лондон. За оваа тема зборуваше и Новак Ѓоковиќ, кој призна дека би сакал и тој да има испраќање како тоа на Швајцарецот, бидејќи тоа бил посебен момент.

„Многу параметри за кои треба да се дискутира. Јас сум мотивиран да испишам историја на спортот. Свеченото испраќање на Федерер беше единствено искуство. Неверојатно е тоа што Роџер го правеше за тенисот и надвор од него. Исклучително го почитувам, иако на теренот ми беше ривал. Јас сум професионалец, сакам да победувам, ама таа ноќ немаше ривалство, само огромна почит. Се надевам дека еден ден и јас ќе имам испраќање како Роџер, тоа беше неверојатен момент“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се подготвува за настап на последниот Мастерс во Париз, каде што ќе се обиде да ја победи конкуренцијата за титулата.