петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Законите за справување со енергетската криза на дневен ред на собраниската седница

Законите за справување со енергетската криза на дневен ред на собраниската седница

Во Собранието денеска треба да продолжи расправата на 88. седница на која меѓу преостанатите точки на дневен ред се и законите поврзани со мерките за справување со последиците од енергетската криза и законите за здруженија и фондации и за политичките партии.

На дневен ред на пленарната седница е Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка, како и Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Меѓу точките на дневен ред се и Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за енергетика, на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка. Тука се и Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита, на законот за заштита на децата, по скратена постапка, Предлог-законите за изменување на законот за јавните претпријатија, како и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

Најнови вести