Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.
На седницата на Комисијата за надворешна политика се платформите за дипломатските активности, како што е најавено, ќе ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С.Македонија во Република Турција, Јован Манасијевски и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република С. Македонија и шеф на Мисијата на Република С. Македонија при Европската Унија во Брисел, Зулфи Исмаили.
Законодавно – правната комисија треба да одржи две седници.
На првата седница на комисија на дневниот ред, меѓу другите се Предлог – законот за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, Предлог – законот за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за семејство, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка.
На втората седница, како што е најавено, Законодавно правната комисија ќе расправа по Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. На агендата е и Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, по скратена постапка
Пратениците членови на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на седницата ќе расправаат по Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по скратена постапка, како и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, по скратена постапка.