петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски ги кани парламентарните политички партии на лидерска средба во понеделник

Ковачевски ги кани парламентарните политички партии на лидерска средба во понеделник

Премиерот Димитар Ковачевски ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, што ќе се одржи во понеделник, на 7 ноември, во Собранието.

Средбата која ја свикува претседателот на Владата, како што соопшти владината прес-служба, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.

Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, стои во соопштението.

Најнови вести