петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски очекува помош од ЕУ за обнова на уништената енергетска инфстраструктура во Украина

Зеленски очекува помош од ЕУ за обнова на уништената енергетска инфстраструктура во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева на помош од ЕУ за обнова на енергетска мрежа во земјата, сериозно оштетена во серијата руски ракетни напади врз инфраструктурни објекти во Украина.

Зеленски на денешната средба со еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон во Киев истакна дека во нападите се уништени 40 проценти од вкупната енергетска инфраструктура во Украина.

Европската комисија треба да има координативна улога во обновувањето на енергетската инфраструктура, предложи тој посочувајќи го примерот на форматот Рамштајн, преку кој државите-поддржувачи од Контакт-групата ја координираат нивната воена помош за Украина.

-Сигурен сум дека ќе обновиме се. И во помирно време, кога ситуацијата во нашиот енергетски систем повторно ќе биде стабилна, повторно ќе извезуваме струја во Европа, изјави Зеленски.