петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Како да преговараме со Русите кога денеска не нападнаа со 54 ракети

Зеленски: Како да преговараме со Русите кога денеска не нападнаа со 54 ракети

На новинарско прашање за можноста за мировни преговори со Русија денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „неговата земја нема време за дипломатија“.

„Лажат, тоа не е дипломатија. Кога велат дека сакаат дипломатски врски и да ја прекинат војната, тоа е лага. Вчера рекоа дека се подготвени, а дека Украина не е подготвена, но денеска не нападнаа со 54 ракети. Тие се луди. Болни во главата. За што зборуваат доколку за половина ден не напаѓаат со 54 ракети? Мислам дека живеат на друга планета“, рече Зеленски.

Новинарот го праша украинскиот претседател и дали тоа значи дека нема компромис со Русите, туку само победа, на што тој одговори: „Не е работата на компромис, секако дека само победата е вредна. Но, тие треба да направат неколку чекори назад“, рече Зеленски, пренесе Index.hr.