петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бела куќа: Северна Кореја во тајност и испраќа на Русија „значителен број“ артилериски гранати

Бела куќа: Северна Кореја во тајност и испраќа на Русија „значителен број“ артилериски гранати

Белата куќа денеска соопшти дека Северна Кореја во тајност испраќа „значителен број“ артилериски гранати во Русија што се употребаат во инвазијата врз Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека Северна Кореја „тајно испраќа артилериска муниција во Русија, но САД продолжуваат да ја следат ситуацијата за да утврдат дали пратките стигнуваат до Русија“.

Кирби додаде дека САД веруваат дека Северна Кореја „се обидува да остави впечаток дека испраќа артилериски гранати во земјите на Блискиот Исток или Северна Африка“.

Тој не даде конкретна проценка за количеството испратени гранати, но додаде дека пратките од Северна Кореја „нема да го променат текот на војната“.

Белата куќа не прецизираше каков транспорт користела Северна Кореја за испраќање на гранатите во Русија, како и дали САД или други земји ќе се обидат да ги пресретнат пратките со гранати за Русија.