Шпанецот Карлос Алкарас го победи Јапонецот Јошихито Нишиока во второто коло на Мастерс 1000 турнирот во Париз со 2:0, по сетови 6:4 и 6:4.
Следен противник на првиот светски рекет ќе биде Григор Димитров од Бугарија кој вечерва го победи Фабио Фоњини од Италија со 2:0, по сетови 6:0 и 7:5.
АТП Ролекс Мастерс турнир во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра.
Досега од првите шест фаворитите пласман во осминафиналето обезбедија и Стефанос Циципас (5. носител), Каспер Руд (3. носител), Новак Ѓоковиќ (6. носител).