Кафето е омилен напиток за многу од луѓето, а многумина не можат да замислат денот да им започне без него.
Доколку сте љубители на кафе, а деновиве планирате да одите во Виена, тогаш има едно идеално место кое би можело да ве освои.
Виена е позната по многу работи, но само оние кои се поупатени знаат дека таму можат да си купат кафе со единствен вкус, а кое притоа се служи на многу симпатичен начин – во корнет.
Местото кое нуди ваква услуга е кафуле со име Fenster cafe коешто судејќи по реакциите на интернет, веднаш придобило многу од посетителите.
Многу од нив по одењето во ова кафуле не ја пропуштаат можноста да споделат фотографии од тоа како изгледа кафето, како да е вистински специјалитет.
Во овој објект не постои можност да седнете и да нарачате, туку кафето го земате од прозорец, за носење. Сепак, тоа и не е толку лошо доколку сакате да уживате во голтките кафе шетајќи и разгледувајќи ги улиците на Виена.
Fenster cafe во своите понуди има и некои други различни видови на кафе, но најпопуларно и воедно најфотогенично е токму cornettoccino. Токму тоа е причината што ова место е толку популарно меѓу луѓето.
На една од фотографиите се гледа како на излогот од кафулето е наведено дека тука е најскапото кафе во Виена, а познато е дека за овој напиток мора да издвоите до 10 евра.
Сепак посетителите на „TripAdvisor“ оцениле дека тоа вреди за сите пари
Освен скапоценото кафе во корнет, во кафулето може да пронајдете и евтини опции за секој џеб, а меѓу нив и еспресо по цена од 95 центи.
Интересно, зар не?